Поврзете се со нас

Шпанија

Адуриз го изрежира најчудниот проштален прес поради коронавирусот (Видео)

Објавено

на

Ариц Адуриз на најболен можен начин мораше да му каже збогум на фудбалот, а денеска на уште почуден начин беше испратен од страна на клубот.

Поради вонредната ситуација со короанвирусот и во склоп на почитување на сите мерки, Адуриз одржа проштална прес-конференција на теренот на „Сан Мамес“ и присутните беа оддалечени на два метри, слика која експресно стана крајно интересна во Шпанија.

Атлетик Билбао организираше мини церемонија во чест на фантастичниот голгетер кој е жива легенда на клубот, на која беше прикажани и неговите најубави 20 голови на видео бимот.

– Морам да вметнам протеза во колкот и да заминам на операција. Атлетик е во многу добри раце. Нема да биде најтешко што нема да ги играм следните 11 натпревари и финалето во Купот против Сосиедад, туку тоа што нема веќе да бидам тука секој ден. Многу ќе ми недостасувате, ви благодарам ан сите за овој убав и незаборавен пат, – порача Адуриз.

– Дали е чудна оваа атмосфера? Ова е и повеќе од тоа што заслужувам. Не е потребно да има 50 илјади фанови тука. Имав неверојатни овации на „Сан Мамес“, секој натпревар беше како празник за мене. Ако треба да паметам нешто, ќе биде тоа дека на секој натпревар го давав максимумот за овој дрес, – додаде Ариц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни