Поврзете се со нас

Свет

Адријано „заглавил“ во фавела за да го гледа Бразил, па добил развод после само 24 дена!

Објавено

на

Кариерата на „Императорот“ Адријано не се разви онака како што многумина предвидуваа поради личните проблеми кои ги имаше легендарниот бразилски голгетер, односно поради смртта на неговиот татко која направи големата супер ѕвезда да се препушти на пороците и да си го уништи она што го градеше од најмали нозе.

По неславниот крај на етапата во Интер, Адријано беше дел од безброј контроверзни случувања во својот Бразил, па иако последно тврдеше дека е „чист“ и не пие алкохол долго време, сега повторно се најде во „жолтиот печат“ во својата земја.

Адријано склучи граѓански брак со 15 години помладата Микаела Меските минатиот месец и го кажа судбоносното „ДА“ пред матичарите во Бразил, но само 24 дена подоцна, добил документи за развод.

Планот беше да се направи голема веселба и свадба наредното лето, но наместо такви планови, Адријано успеал да се избори за експресен развод после неполн месец заеднички живот.

Како што откриваат бразилските медиуми, причина за ваквото сценарио е тоа што Адријано отишол да го гледа натпреварот од Светското првенство против Швајцарија во својата фавела во која е роден, но таму „заглавил“ цели два дена и многу брзо ја загубил довербата кај својата сакана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни