Поврзете се со нас

Свет

Адријано се исповеда: Јас сум најголемиот отпад во фудбалот, пијам секој втор ден…..

Објавено

на

Foto:instagram.com/adrianoimperador

Адријано своевремено важеше за еден од најдобрите и најфуриозни напаѓачи во светот, па иако беше предодреден да ја покори Европа, една лоша вест од Бразил целосно му го промени животот.

Смртта на неговиот татко влијаеше погубно врз некогашната ѕвезда на Интер и од тој момент Адријано никогаш повеќе не беше оној истиот, а две децении подоцна, Бразилецот се уште има проблеми да се справи со прифаќање на реалноста.

Во своеволното обраќање за „The Players’ Tribune“, Адријано се исповеда за мрачните денови кои го прогонуваат и ден денеска, но за кои вели дека веќе се навикнал и истите станале негово секојдневие.

Откако пред десетина дена беше уловен како се пијанчи во својата фавела во Рио де Жанеиро, Адријано сега реши самиот да се огласи во јавноста, нарекувајќи се себе најлошо потрошениот талент во историјата на фудбалот.

– Јас сум најголемиот отпад во историјата на фудбалот. Ми се допаѓа тој збор, отпад. Не само поради тоа како звучи, туку и поради тоа што се опседнав да си го трошам залудно животот. На крајот на денот, мене ми е добро вака, добро ми е да си го трошам животот, почнав да уживам во овој стил.

– Сакам да разјаснам некои работи. Не користам дрога како што некој сака да покаже, не сум криминалец, иако лесно можев да станам. Не сакам да завршувам во клубови, секогаш ќе ме најдете на исто место во мојата фавела, во киоскот на Нана. Ако сакате да се сретнете со мене, застанете таму. Останатото што се збори за мене е вистина. Пијам секој втор ден, а и сите останати денови од неделата. Како завршив вака? Не сакам да давам објаснувања на другите, но сепак имам едно. Пијам бидејќи не е лесно да се биде талент кој се уште многу должи. Тој притисок станува потежок со текот на годините, – вели Адријано, кој во разговорот се навраќа на најмрачниот момент во животот.

– Смртта на мојот татко ми го промени животот засекогаш. До ден денеска, тоа е проблем кој не успеав да го решам. Се почна со неговата смрт, која се случи во општеството кое нависитна многу ми значи, – завршува Бразилецот.

Таткото на Адријано почина во 2004-та година од срцев удар, но сето тоа како последица на неколкугодишна борба која започнала со залетан куршум кој завршил во неговата глава.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни