Адријан Њуи се исповеда: Чувствувам голема одговорност за смртта на Сена!

newey-sena

Адријан Њуи со децении наназад работи во Формула 1 и со оглед на резултатите кои ги оствари во минатото важи за инженерскиот гуру во „најбрзиот циркус“ во светот, но без разлика на сите достигнувања и иновации кои го забележа во Вилијамс, Мекларен и Ред Бул, Британецот сега во сопствената книга открива дека до крајот на животот ќе го прогонува едно нешто.

Актуелниот технички директор на Ред Бул пред извесно време ја објави својата најнова книга „How to build a car“, во која посебен за издвојување е делот во кој потенцира дека чувствува голема одговорност за големата несреќа и трагичната смрт која ја имаше Аиртон Сена во 1994 година на патеката Имола.

Њуи тогаш беше задолжен за аеродинамиката на Вилијамс болидот кој на крајот се покажа како кобен за незаборавниот Ф1 шампион, а самиот Британец сега со својата исповед откри дека и натаму има трауми од споменатата несреќа бидејќи во својата потсвест прифатил дел од одговорноста за смррта на Бразилецот.

– Секогаш ќе чувствувам одговорност за смртта на Аиртон, но сепак не се сметам за виновник за тоа што се случи. Без разлика на тоа кој дел од болидот беше клучен за предизвикување на инцидентот, не може да се избегне фактот дека тоа беше лош дизајн кој никогаш не требаше да се дозволи на еден Ф1 болид. Јас бев еден од водечките инженери на тимот кои дизајнираа болид во кој се уби еден голем човек. Чувствувам најголема одговорност поради тоа што ја уништив аеродинамиката на болидот. Погрешив во транзицијата на активната и пасивната суспензија и дизајнирав болид кој беше аеродинамично нестабилен. Аиртон се обидуваше да направи нешта што болидот едноставно не можеше да ги направи, – гласи исповедта на Њуи во книгата која брзо се рашири меѓу светските медиуми кои се специјализирани за автомобилизам.

Facebook Коментари