Формула 1
Адријан Њуи ја откри причината зошто го избра Астон Мартин пред Ферари!
Адријан Њуи е најголемото инженерско име во Формула 1 и по моментите кога беше неизвесно дали ќе ја продолжи кариерата или ќе се пензионира, тој го потврди својот нов ангажман во Астон Мартин.
Сопственикот на тимот, Лоренс Строл, го најави како акционер и воедно управувачки партнер за техничкиот оддел.
– Ферари беше една од опциите. Имав желба да работам и со Фернандо, но и со Луис. За жал, не беше можно со двајцата. Имаше различни причини, но фактот дека Лоренс ми понуди партнерство… Тој е сопственик како што имаше пред 20 години, како Френк Вилијамс и Рон Денис. Всушност, сега тој е единствен таков сопственик на тим,- откри Њуи за „Скај Спорт“.
Why Adrian Newey choose not to go to Ferrari 🔴 pic.twitter.com/wtIqNmXTYS
— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) September 10, 2024
Њуи ја стекна својата слава во средината на 90-тите години конструирајќи ги болидите на Вилијамс кои користеа мотори на Рено, при што светски прваци станаа Дејмон Хил и Жак Вилнев. Потоа прејде во Мекларен Мерцедес, каде што освои две титули со Мика Хакинен, за од 2005 година да се префрли во Ред Бул каде што беше две децении и ги водеше успесите на Фетел и Ферстапен.
Неговиот трансфер се верува дека е со вредност меѓу 25 и 30 милиони долари по сезона.
Видео од прес конференцијата може да се погледне преку долната врска на официјалниот Ф1 канал на You Tube.
-
Италија21 час
Канаваро потсети на каков бизарен начин дознал дека ќе ја освои „Златната топка“
-
Англија19 часа
Ди Канио: Директорите на Јунајтед треба да бидат уапсени зошто продадоа таков играч!
-
Шпанија22 часа
Шустер за лошата игра на Реал: Проблемот не е само во Мбапе
-
Англија15 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Свет23 часа
Халанд постави рекорд, па во свој стил ги шокирал соиграчите: Дознавме за убавата вест преку Инстаграм (Фото)
-
Шпанија21 час
Араухо: Во клубот се изненадени од рехабилитацијата на тешката повреда
-
Свет16 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)