Поврзете се со нас

АТП

„Адрија Тур“ заврши неславно: Димитров позитивен на коронавирус, Ѓоковиќ мора во изолација!

Објавено

на

„Адрија турот“ во организација на Новак Ѓоковиќ и уште неколку партнери од Балканот требаше да претставува забава за тениските фанови и избегнување на темите поврзани со коронавирусот, но наместо мирно финиширање на турнирот во Задар, сега тениските ѕвезди ќе стравуваат за своето здравје.

Непосредно пред одигрувањето на финалето меѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов, директорот на турнирот во Задар, Горан Иванишевиќ соопшти една лоша вест поврзана за Григор Димитров. Бугаринот кој беше во контакт со сите играчите на „Адрија Тур“ во Белград и Задар е позитивен на короанвирусот, а тоа е ужасна вест од секоја гледна точка.

Најпрво поради здравјето на самиот тенисер, а потоа поради сите остантите кои мора да се напомене дека беа доста невнимателни во изминатите денови, очигледно непочитувањјќи ги препораките за социјална дистанца.

Новак Ѓоковиќ како главен организатор добиваше безброј критики од светските медиуми за организирањето на турнири со публика во ова стресно и ризично време, а сега за верување е дека истите ќе бидат уште пожестоки откако Димитров самиот поврди дека е заразен.

Според препораките, позитивниот тест на Григор автоматски значи самоизолација и за сите останати играчи како Ѓоковиќ, Чилиќ, Тим и останатите, бидејќи сите тие имаа преблизок контакт со Бугаринот во изминатиов период.

Димитров вчера го заврши своето учество на турнирот во Задар, а денеска при пристигнувањето во Монако му бил направен тест и бил позитивен на КОВИД – 19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни