Поврзете се со нас

Италија

Адли го постигна првиот гол во дресот на Милан, „росонерите“ го добија дербито на „Сан Сиро“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан заборави како е да се губи во дерби пресметките со Рома, па вечерва ја продолжи добрата низа и веќе девет натпревари не знае за неуспех во пресметките со тимот од престолнината.

„Росонерите“ беа како ранети лавови по елиминацијата од Аталанта во Купот пред неколку дена, а тоа направи да излезат на теренот многу помотивирани и желни за докажување.

Јасин Адли со својот прв гол во дресот на Милан го отвори резултатот со елегантно движење и прецизна завршница, потег со кој беше одбележан првиот дел од дербито.

Вториот дел започна со гол на Жиру за водство од 2:0, а иако Паредес стрелаше од пенал и врати неизвесност на семафорот, Милан беше тој кој го имаше последниот збор.

Тео Ернандес постигна одличен гол за конечни 3:1, па така „росонерите“ се навистина сигурни на третата позиција во Серија А и сега имаат осум бода повеќе од Фиорентина. Со денешниот пораз, Рома падна на деветтото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни