Македонија
Адетунџи херој на Шкупи, Хасани со погодок се врати во Шкендија

Екипата на Шкупи имаше победнички почетокот на пролетниот дел од домашниот шампионат и тоа откако попладнево пред своите гледачи го доби дербито против Академија Пандев со 2-1.
Лидерот во ПМФЛ имаше лош почеток на средбата во Чаир со оглед на тоа што Димоски во 7 минута донесе предност за гостите од Струмица. Одговорот стигна во 28 кога Адетунџи со врвот на копачката ја смести топката во мрежата на Јовановски.
Со овој резултат се замина на пауза по што чаирчани се обидуваа да направат пресврт, но кога не ги искористија шансите Сенгор заработи втор жолт картон во 73 минута што секако донесе главоболка за тренерот Седлоски.
И кога се очекува атак на „пандевци“ се случи обратното Алварез го проигра брзоногиот Адетунџи кој мајсторски реализираше за 2-1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.
Во Тетово пак Шкендија со 3-1 беше подобра од Струга Трим Лум. Елези и Гури донесоа позитива од 2-0 за „црвено-црните“, гостите преку Китановски во 52 минута намалија за да на точка сите дилеми околу победникот стави повратникот кај македонскиот првак Хасани со голот од пенал во судиското продолжение.
На останатите средби беа поставени следниве резултати:
Скопје-Борец 1-1
Македонија ЃП-Тиквеш 1-0
Пелистер-Работнички 0-2
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти