Поврзете се со нас

НБА

Адетокумбо со брутално издание го зграпчи трофејот во НБА Купот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Bucks

Второто издание во историјата на НБА Купот беше приведено до својот крај рано утрово, откако Милвоки и Оклахома ги одмерија силите во големото финале кое се одигра во Лас Вегас и кое заврши со резултат 97:81.

Првите две четвртини донесоа рововска битка на теренот за секоја топка и тимовите често го менуваа водството на семафорот, но Милвоки сериозно истапи на крајот на третата и почетокот на последната четвртина и во тој период го реши победникот.

Серијата на Бакси од 19:5 беше одлучувачка за недостижна предност од 19 поени разлика, па тука стана јасно дека Милвоки е вториот победник во историјата на НБА Купот.

Јанис Адетокумбо беше посебно инспириран и издоминира во финалето со трипл-дабл учинок од 26 поени, 19 скокови и 10 асистенции, издание во кое придодаде и три блокади и две украдени топки.

Огромна поддршка доби од Демијан Лилард кој уфрли 23 поени во финалето, додека по 13 поени запишаа Брук Лопес и Гери Трент Џуниор. Во поразениот тим, Гилџес Александер уфрли 21 поен, а Вилијамс го заврши натпреварот со 18 поени.

Милвоки со оваа победа го презема тронот во НБА Купот, натпреварување кое во премиерното издание лани беше освоено од Лос Анџелес Лејкерс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни