Поврзете се со нас

НБА

Адетокумбо претрча половина терен со едно тапкање на топката, НБА фановите шокирани (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Giannis_An34

НБА лигата и европската кошарка се разликуваат и по одредени разлика во правилата, односно критериумот на судиите, а таквата позиција дојде до израз и на дуелот меѓу Милвоки и Њујорк.

Фаворитот го доби натпреварот во НБА купот и не дозволи изненадување во оваа пресметка, но голем број фанови се гласни на социјалните мрежи поради еден потег на Јанис Адетокумбо.

Првата ѕвезда на Милвоки во една ситуација стигна до топката на својата половина и реализираше со атрактивно забивање, но во целата таа контра топката имаше само еден контакт со подлогата.

Иако е познато дека судиите толерираат ситуации кои во Европа би биле судени за чекори, овој момент донесе негодување бидејќи покажува дека се претерува со прогледувањето низ прсти на класичните кошаркарски правила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни