Поврзете се со нас

НБА

Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Милвоки Бакс предводен од Јанис Адетокумбо се избори за триумф над Далас Маверикс од 112-109 во дербито во НБА лигата.

Домашниот тим се избори за предност од осум поени во првото полувреме (55-47) што на крајот севкупно гледано се покажа како клучна. Адетокумбо беше кус за еден скок за да запише дабл-дабл (31 поен и 9 скокови), но Гркот воедно беше очаен од линијата за слободни, погоди само еден од десет што е најлош учинок во историјата на Бакс.

Јанис е четвртиот играч по Андре Драмонд, Шекил О Нил и Ал Хорфорд кој од „пенал линија“ шутирал со 10 или полош учинок на проценти.

На спротивната страна повторно најдобар беше Дончиќ постигнувајќи 28 поени, 9 скокови и 13 асистенции.

ЛА Лејкерс пак ја прокнижи петтата победа во низа и останува на првото место на Западот. „Езерџиите“ беа подобри од Њу Орлеанс со 112-95 во средба во која имаа шест двоцифрени играчи со тоа што број едне беше Леброн со 21 поен.

Кај „пеликаните“ Вилијамсон и Инграм искомбинираа 41 кош.

Останти резултати:

Бостон – Орландо 124-97, Кливленд – Њујорк 106-103, Оклахома Сити – Чикаго 127-125 (по прод.), Јута – Атланта 116-92, Сакраменто – ЛА Клиперс 100-138.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни