НБА
Адетокумбо оди на дополнителна пауза, ќе го пропушти и Ол-стар викендот

Милвоки остана без првата ѕвезда Јанис Адетокумбо на одреден период и ќе мора да се снаоѓа без него најмалку на натпреварите кои следуваат до НБА Ол-стар викендот.
Грчкиот кошаркар има мускулна повреда и мора да паузира и на наредните натпревари, при што ќе го пропушти и Ол-стар настапот, кој требаше да му биде дел од обврските следниот викенд.
Информацијата ја објавија добро информираниот новинар Шамс Чаранија и „ЕСПН“, што значи дека Милвоки се подготвува за дополнителен број натпревари на кои ќе биде сериозно ослабен.
Адетокумбо ги пропушти и претходните неколку натпревари, односно нема настап од 3. февруари, а сега станало појасно и дека нема да ја санира повредата пред Ол-стар викендот.
Милвоки досега има две победи и еден пораз без Јанис, а вечерва ќе се соочи со Филаделфија на домашен терен.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија24 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија18 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Италија17 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!