Поврзете се со нас

НБА

Адетокумбо ја подотвори вратата за заминување од Милвоки: Јас сум победник…

Објавено

на

Фото: twitter.com/NBA

Јанис Адетокумбо со години е еден од најдобрите играчи на светот, лидер на Милвоки Бакс, тим кој постојано е први врвот во НБА лигата во изминативе сезони.

Меѓутоа Бакси само во една кампања отидоа докрај и ја грабнаа титулата и тоа во во 2021 година. Играч како што е Адетокумбо секако дека сака повеќе, сака титули, па веќе се почесто нагласува дека може да си замине од Висконсин.

Грчкиот репрезентативец сака да види како организацијата е гладна за успеси, поточно се додека е тоа така тој ќе остане верен, ама ако забележи мало поместувања тој е спремен да направи промена.

-Јас сум Милвоки Бакс, но тоа е што е најважно, јас сум победник. Ако има подобра ситуација за мене да го освојам Лери О’Брајан (трофеј во НБА лигата), морам да ја искористам таа подобра ситуација, порача Јанис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни