Поврзете се со нас

НБА

Адетокумбо имал долг состанок со управата на Милвоки, Бакси му ветиле една работа

Објавено

на

blank

Милвоки Бакс се сметаше за екипа која сигурно во најмала рака ќе биде најдобра на Истокот и ќе се бори за титулата во НБА лигата, но клубот од Висконсин не успеа да ги оправда очекувањата и доживеа елиминација од Мајами Хит во втората рунда на плејофот.

Ова секако беше големо разочарување и остана да виси прашањето дали Јанис Адетокумбо и во иднина ќе го носи дресот на Бакси иако самиот тој по поразот од Мајами истакна дека размислува само за сегашниот клуб, поточно неговата желба е да остане.

Меѓутоа Јанис од друга страна сака и да победува, па затоа сега има разговори со управата на клубот за да ги дознае нивните планови. Според американската медиуми Јанис заедно со неговиот агент имал тричасовен состанок со управата која му порачала дека ќе направи се што може за да изгради шампионска екипа, па ако е потребно дури и да го надмине селари капот, да плати данок на луксуз се со цел да се обезбедат квалитени, звучни засилувања.

Разговорите се очекуваат да продолжат откако Гркот ќе се врати од одмор, па ќе биде интересно да се види дали тој ќе се одлучи да го продолжи сегашниот договот кој му завршува во 2021 година или пак истиот докрај ќе го истера што би значело дека потоа би бил слободен агент.

Јанис од Милвоки може да добие максимален петгодишен договор во вредност меѓу 220 и 250 милиони долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни