Поврзете се со нас

НБА

Адетокумбо и Букер се играчи на неделата во НБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Ѕвездите на Милвоки Бакс и Феникс Санс, Јанис Адетокумбо и Девин Букер се прогласени за играчи на неделата во НБА лигата.

Адетокумбо беше феноменален во дербито против ЛА Клиперс каде уфрли 36 поени, 14 скокови и 5 асистенции, но исто така беше на високо нив против Њу Орлеанс Пеликанс (38 поени и 10 скокови) и Минесота Тимбервулвс (37 поени, 8 скокови и 8 асистенции) со што заслужено беше прогласен за најдобар играч на Истокот.

Букер пак ја доби наградата за број еден на Западот откако со 43 поени го наполни кошот на Минесота, против Чикаго имаше 22 поени со 2 скока и 5 асистенции, додека пак по 33 и 34 кошеви им даде на Шарлот Хорнетс и Портланд Трејл Блејзерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни