Поврзете се со нас

НБА

Адетокумбо го посочи најдобриот тим на Западот: Се изгледа лесно и забавно

Објавено

на

Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата и воедно лидер на екипата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо го посочи тимот кој спореден него е најдобар во западната конференција.

Адетокумбо интересно не се одлучи ниту за ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс, ниту пак за Денвер Нагетс туку го издвои составот на Јута Џез кој засега има најдобар учинок во актуелнава кампања, 21 победа и само 5 порази.

-Тие се најдобриот тим на Западот. Изгледа забавно. Сакам да ги гледам, изгледа забавно, лесно, едноставно. Секако тие изгледаат како нас од минатата година, па кога играте со таква самодоверба, навистина е тешко да ве победат, -истакна Јанис по поразот на Милвоки токму од Јута од 129-115.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни