Поврзете се со нас

НБА

Адетокумбо ги споредил европската и НБА кошарката и открил кој е број еден во светот

Објавено

на

Јанис Адетокумбо не успеа да и помогне на грчката репрезентација да стигне до медал на последното Европско првенство, а сега веќе почнува да се фокусира на обврските во својот клуб Милвоки.

Грчкиот репрезентативец на средбата со новинарите направил споредба меѓу европската и НБА кошарката и објаснил зошто не се чувствува како најдобар играч во НБА, односно светот.

– Без да навредам некого, играњето во Европа е многу потешко од тоа во НБА.

– Во НБА има поталентирани играчи, но просторот е поинаков, има повеќе место за движење и креирање. Во Европа се игра поинтензивно, може да те чуваат со пресинг по цел терен, да те удвојуваат, се игра со повеќе контакт, – изјавила првата ѕвезда на Бакс.

– Сепак настапите за репрезентацијата ќе ми помогнат не само за физичка подготовка, туку и поради фактот што по настапите во Европа, овде се ми се чини поголемо и имам повеќе простор во офанзива.

Адетокумбо зборувал и за „ЕСПН“ ранкингот на кој бил поставен на првата позиција.

– Најдобар е оној кој последен ќе остане на нозе, тој кој што ќе ја одведе својата екипа до трофејот. Кога ја освоивме титулата се чувствував така, но сега мислам дека најдобар е победникот, а тоа е Стеф Кари, – рекол грчкиот „ѕвер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни