Поврзете се со нас

Балкан

Адеми во идеалниот тим на хрватското првенство, бил блиску и до главното признание

Објавено

на

Аријан Адеми одигра уште една одлична сезона во редовите на Динамо Загреб, а тоа го покажува и гласањето за најдобрите фудбалери во хрватското фудбалско првенство.

Вечерва се објавени лауретатите во изборот на здружението „Фудбалски синдикат“, а капитенот на Динамо бил на второто место во категоријата најдобар фудбалер.

Неговиот соиграч Бруно Петковиќ бил прогласен за број еден играч во хрватскиот шампионат, а зад Адеми останал Аргентинецот Рамон Миерез од екипата на Осијек.

Адеми затоа без проблеми се најде во тимот на сезоната, во кој очекувано има дури осум претставници на Динамо.

За најдобар голман е избран Доминик Ливаковиќ, најдобар млад фудбалер е Јошко Гвардиол, а најдобар хрватски фудбалер повторно е Лука Модриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни