Поврзете се со нас

Балкан

Адеми стрелаше за Динамо, убав погодок на Тричковски за АЕЛ Лимасол (ВИДЕО)

Објавено

на

Поранешните македонски репрезентативци, Аријан Адеми и Иван Тричковски постигнаа погодоци за своите Динамо Загреб и АЕЛ Лимасол во шампионатите на Хрватска, односно Кипар.

Адеми влезе во второто полувреме и во 69 минута со удар со глава ја потврди победата на Динамо над Осијек од 2-0. Ова за Аријан беше трети сезонски погодок, клубот од Загреб со 49 бода е на третата позиција зад Хајдук и Ријека кои допрва ќе ги одиграат своите мечеви од 29. коло.

Тричковски пак со убав гол во 52 минута го најави триумфот на АЕЛ во соочувањето со Неа Саламис. Тој го отвори резултатот за да потоа се разбудат и останатите за да на крајот гостите слават со 3-1.

Ова за Тричко беше седми лигашки гол. Со вкупно 36 гола неговиот тим е на осмата позиција на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни