Поврзете се со нас

Балкан

Адеми со погодок ја најави новата победа на Динамо (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Динамо Загреб продолжи да реди победи во првата хрватска лига, а најнова жртва беше Локомотива која беше совладана со 2-1 на нејзин терен.

Тримфот на „модрите“ го најави нашиот репрезентативец Аријан Адеми кој прецизно стрелаше во 6 минута.

Домаќините го возвратија ударот и преку Куленовиќ израмнија на 1-1, резултат со кој се замина на одмор. На почетокот на вториот дел во игра влезе Петковиќ и веќе во 47 минута напаѓачот со одличен удар ја смести топката во мрежата на Локомотива, потег и погодок кој се покажа како клучен за трите бода.

Адеми ги одигра сите 90 минути, додека Стефан Ристовски не беше во составот на хрватскиот првак.

Динамо со 28 бода е на лидерската позиција или поточно има плус 11 во однос на Хајдук и Славен Белупо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни