Балкан
Адеми со капитенската порака до фановите на Динамо: Ова е катастрофа за нас, но……
Хајдук го доби и второто дерби против Динамо оваа сезона и отиде на „плус седум“ на првенствената табела, учинок кој секако донесе големи пофалби за тренерот Џенаро Гатузо, но и за неговите играчи.
Тимот од Сплит изврши притисок на стартот на вториот дел и со агресивен фудбал стигна до гол, а истиот се покажа како доволен за голема дерби победа со резултат 1:0.
Навивачите на „Полјуд“ громогласно го славеа успехот над лутиот ривал кој сега е во доста незавидна ситуација, бидејќи по лекцијата од Борусија Дортмунд, следеше и болен пораз во дербито.
Аријан Адеми како капитен на Динамо не можеше да настапи на дербито во Сплит поради повреда, но Македонецот бил првиот кој излегол да се соочи со хрватските новинари.
– Многу е тешко да следите ваков натпревар од клупа, но реалноста е дека не заслуживме да победиме. Ќе дадеме се од себе за да направиме пресврт, мора да останеме со високо подигнати глави и да гледаме напред.
– Мора да излеземе како победници и покрај поразот. Имаме доста повредени играчи и сигурен сум дека во иднина ќе бидеме подобри и дека ќе ја свртиме ситуацијата во наша корист. Состојбата на табелата изгледа катастрофално за нас, им должиме многу на навивачите и мораме да реагираме и да направиме пресврт, – порачал Адеми.
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства16 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија20 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет21 час
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот
-
Германија21 час
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)