Лига Европа
Адеми се повреди во новата победа на Динамо, Тотенхем го освои првото место во групата (Видео)

Динамо Загреб на најдобар можен начин го заокружи своето фантастично издание во групната фаза во Лигата на Европа, оставрувајчи победа на домашен терен против ЦСКА Москва со убедливи 3:1.
Хрватскиот фудбалски великан со четири победи и две реми средби сосема заслужено патува во нокаут рундата, а единствена лоша вест од денешниот натпревар против рускиот тим е повредата на македонскиот репрезентативец.
Капитенот Аријан Адеми се пожали на мускулна повреда по еден трк и веднаш беше заменет во 35-та минута, но дотогаш, Динамо веќе имаше предност од 1:0 со голот на Гвардиол. Набрзо после замената, домаќините поведоа со 2:0 преку Орсиќ, додека четвртата победа ја потврди Кастрати во второто полувреме. Пред крајот, почесен гол за гостите постигна Бистровиќ.
Ако овој натпревар немаше никакво резултатско значење, така не беше случајот во Северен Лондон, каде Тотенхем во директната пресметка со Антверп се избори за победа од 2:0 и го обезбеди првото место во својата група.
Двата тима ќе патуваат во нокаут фазата, но вечерва головите на Винисиус и Ло Селсо го ставија на највисоко место составот на Жозе Мурињо.
Нова победа оствари и Милан, кој со минимални 0:1 славеше на гостувањето кај Спарта Прага, натпревар кој го реши Хауге со единствениот гол.

- НБАпред 21 час
НБА бравури со балкански шмек: Спектакуларното додавање на Дончиќ и моќното забивање на Јокиќ (Видео)
- Италијапред 21 час
Ибрахимовиќ му испрати директна порака на Лукаку во пресрет на шоуто кое ќе го има со Михајловиќ
- Францијапред 21 час
Како бестрашниот Мбапе нема милост кон противникот: Да им дадеме шест или седум гола! (Видео)
- Италијапред 22 часа
Серија А одби да го одложи натпреварот Лацио-Торино
- Светпред 19 часа
Сопругата на Мамаев јавно го обвини фудбалерот дека ја изневерувал на подготовките во Шпанија
- Шпанијапред 20 часа
Најава за огромни промени на „Месталја“: Малезиски принц ќе ја спасува Валенсија!
- Формула 1пред 22 часа
Сината боја доминира на болидот на Алпин, Алонсо ја пропушти промоцијата
- Шпанијапред 20 часа
Куман за чудесната рехабилитација на својата млада ѕвезда во тимот: Некои работи не можат да се објаснат