Поврзете се со нас

Балкан

Адеми се повреди, во Динамо се плашат од најлошто: Првите прогнози не се добри…

Објавено

на

Тимот на Динамо Загреб ја оправда фаворитската улога и славеше над Локомотива во средбата од домашниот шампионат, но овој триумф актуелниот шампион може скапо да ја плати затоа што се повреди капитенот Аријан Адеми.

Македонскиот репрезентативец го напушти теренот во 58 минута, а првите информации околу повредата не се позитивни.

-Адеми има оток на стапалото, треба да го почекаме рентгенот, ама првите прогнози воопшто не се добри, -истакна тренерот на Динамо, Дамир Крзнар.

Сега засега Адеми виси за реваншот против Вилјареал, меѓутоа ако е полоше сценарио и се работи за скршеница на стапалото тоа би значело крај на сезоната за големиот борец, но и проблем за нашата селекција која ја очекува настап на ЕП.

Фото: ФК Динамо Загреб

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни