Адеми со први импресии за групата од Лигата на шампионите: Сити е од друг свет, со другите ривали можеме…

ademi-dinamo

Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми го даде своето мислење за групата која ја доби хрватскиот претставник.

Без сомнеж, тука голем фаворит за првата позиција е Манчестер Сити, а останатите три клубови се на релативно изедначено рамниште. Така, Адеми верува дека Динамо и тоа како може да се носи со Шахтјор и Аталанта.

-Тешка група, знаевме дека ќе биде тешка. Манчестер Сити е фаворит,  тие се од друг свет. Со Шахтјор и Аталанта ќе одиме да се надигруваме и да им ги помрсиме сметките. Сити е голем фаворит, а останатите три екипи ќе се бориме за пласман понатака.  Сигурно имаме квалитети, минатата година го покажавме тоа, можеме да се носиме со големите клубови, верувам дека и оваа година ќе го покажеме тоа, -заклучи Адеми.

Facebook Коментари