Поврзете се со нас

Балкан

Адеми претрча половина терен и стави точка на куп победата на Динамо (Видео)

Објавено

на

Аријан Адеми постигна гол во финишот на продолжението на натпреварот против Горица и стави точка на победата на Динамо Загреб (4:1) и пласманот во финалето на хрватскиот куп.

Стефан Ристовски беше стартер, а Аријан Адеми уфрлен од клупата за резервни фудбалери во составот на Динамо, кој уште во 3. минута имаше негатива на оваа средба.

На почетокот на вториот дел „модрите“ израмнија, но не обезбедија победа во регуларното време, па мораше да се играат дополнителни 30 минути.

Во нив, Динамо постигна три гола, а последниот беше на Адеми, при што македонскиот репрезентативец претрча половина терен и сам реализираше за конечни 4:1.

Динамо во финалето ќе биде фаворит и против Истра, екипата која прва обезбеди место во финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни