Поврзете се со нас

Репрезентација

Адеми посочи зошто Македонија не освои бод на ЕП и нагласи: Еден натпревар посебно ќе ми остане во сеќавање!

Објавено

на

Фото:ФФМ

Аријан Адеми како голем фудбалски борец беше сигурен стартер на сите три натпревари кои ги одигра македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, а иако имаше најави дека ова големо натпреварување ќе биде последно и за него во репрезентативниот дрес, со изјавата која ја даде во Хрватска најави дека се уште планира да биде дел од националниот тим.

Горан Пандев, Крсте Велкоски и Иван Тричковски реши да заминат во репрезентативна пензија по последниот натпревар против Холандија, но во моменти кога Адеми делеше комплименти за заслугата на капитенот во сите овие 20 години, нагласи дека многу ќе му недостасува како играч кој планира и натаму да ги брани боите на националниот грб.

– Јас сум горд што играв за Македонија на Европското првенство. Среќен сум за настапот, иако жалам што не направивме еден чекор повеќе на турнирот. Неискуството не чинеше многу, не се снајдовме добро во клучните моменти, а ни недостасуваше и малку среќа.

– Најмногу ќе го паметам првиот меч со Австрија. Навивачите ни беа ветер во грб, атмосферата беше извонредна, а ќе го паметам овој турнир и по заминувањето на Горан Пандев. Горан направи многу за Македонија, па поради тоа доби и шпалир од нас играчите против Холандија.

– Неговото заминување беше емотивно за сите, не само за мене, за сите во репрезентацијата. Истото важи и за фановите, Пандев е легенда на македонскиот фудбал. Многу ќе ни недостасува во квалификациите за Светското првенство, тој беше наш капитен, наш лидер, но пред се е голем човек, – изјави Адеми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни