Адеми погоди, но Динамо испушти важна победа во продолжението (Видео)

ademi

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се запиша во листата на стрелци на дуелот меѓу Динамо и Шахтјор од Лигата на шампионите, но неговиот тим не успеа да стигне до посакуваната победа (3:3).

Гостите поведоа преку Патрик, Петковиќ израмни, а во вториот дел Иванушец во 83 и Адеми во 89 минута донесоа предност од 3:1 за хрватскиот првак.

Но, наместо сигурна победа на „Максимир“, Шахтјор успеа да се врати со два гола во судиското надополнување, од кои вториот го постигна од пенал во 97. минута. Двете екипи сега имаат по 5 бодови, но Шахтјор е подобар во меѓусебниот дуел.

Facebook Коментари