Поврзете се со нас

Балкан

Адеми погоди кога беше најпотребно, Динамо направи голем исчекор кон титулата во Хрватска (ВИДЕО)

Објавено

на

Динамо Загреб дојде до исклучително важна победа во првата лига на Хрватска, победа која ја обезбеди нашиот репрезентативец Аријан Адеми.

Актуелниот првак славеше над Горица со 1-0 и со тоа ги искористи киксовите на најблиските конкуренти Осијек и Хајдук, првите загубија од Ријека со 3-1, вторите пак ремизираа со Славен Белупо. Клучниот момент се случи во самиот финиш (86 минута) кога капитенот Адеми се најде на вистинското место и ја затресе мрежата на домашниот тим.

Ова за Аријан беше трет сезонски гол и со истиот Динамо сега има плус пет и плус шест во однос на Осијек и Хајдук на четири кола до крајот.

Инаку на оваа средба сите 90 минути ги одигра и десниот бек Стефан Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни