Поврзете се со нас

Балкан

Адеми објасни зошто толку бурно го прослави голот против Ријека: Ова никогаш не сум го доживеал (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Динамо Загреб со голем пресврт избори победа над Ријека од 2-1 во дербито на 30. коло во првата хрватска лига.

Актуелниот шампион губеше од почетокот до самиот финиш Махир Емрели и нашиот Аријан Адеми успеаа да го свртат резултатот и донесат три големи бода во трката за пехарот. Македонскиот репрезентативец Адеми доста бурно го прослави голот и тоа домашните навивачи, популарната „Армада“.

-Овде владее страшна атмосфера, секогаш наелектризирана и негативна. Никогаш никаде ова не сум го доживеал, секогаш некои приказни,-рече Адеми објаснувајќи го неговиот потег.

-Имавме проблеми на почетокот на натпреварот. Тие постигнаа рано гол, тоа ние не го сакавме. Знаевме дека се многу опасни во контра нападите, но на крајот го подигнавме нивото на играта и по мене заслужено победивме. Многу ни значи оваа победа, се бориме за титула, не чека тешка борба и дерби натпревари и секој бод е важен. На крајот би сакал да им се заблагодарам на сите навивачи, многу ни е полесно кога имаме ваква поддршка, -додаде херојот на Динамо.

Клубот од „Максимир“ е лидер на табелата со два бода повеќе од второпласираниот Осијек со тоа штоа Адеми, Ристовски и компанија имаат и натпревар за доигрување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни