Поврзете се со нас

Балкан

Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)

Објавено

на

Аријан Адеми ја заврши својата епизода во Динамо Загреб, патување кое траеше 13 години, патување кое донесе многу радости, титули и статус на легенда, икона на популарниот Аки на „Максимир“.

Големиот борец се сели во Кина, а пред да го направи тоа одбработи специјално интервју за Динамо ТВ во кое говореше отворено, искрено на многу прашања, ги слушна пораките на неговите соиграчи, на неговиот поранешен колега Матео Ковачиќ, откри дека имал поголема трема кога играл со Модриќ отколку со Роналдо…

Тој воедно го зборуваше за периодот за кој беше казнет поради допинг, посочувајќи дека тоа бил најтешкиот период во животот, потоа за враќањето по паузата…а меѓу другото вети дека во иднина ќе се врати во Динамо и тоа како тренер.

-Ова не е збогум, само довидување. Се надевам дека еден ден ќе бидам тренер во Динамо и дека ќе освојам европски трофеј, -порача Адеми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни