Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Адеми ќе го пропушти соочувањето на Динамо со Борусија Дортмунд

Објавено

на

Динамо се подготвува за соочувањето со силен ривал каков што е Борусија Дортмунд, а тренерот Ненад Бјелица останал без уште двајца важни играчи за овој натпревар од Лигата на шампионите.

Хрватски „Индекс“ пренесува дека Аријан Адеми и Петар Мишиќ се пожалиле на повреди и ќе го пропуштат утрешниот дуел на „Максимир“, што не е мал удар за Бјелица ако се знае дека двајцата имаат улога на лидери на тимот и се капитени на теренот.

Претходно, посериозна повреда заработи и Петар Сучиќ, па Динамо остана без дури тројца играчи за врска и Бјелица ќе мора да прави комбинации со другите фудбалери на загрепскиот клуб.

Динамо има проблеми со тимот, но и одлична позиција на табелата каде веќе собра 7 бодови и реално е да се бори за место во елиминациската фаза на најелитното европско натпреварување.

Засега не е познат карактерот на повредата на Адеми и дали тој ќе конкурира за настап на неделното дерби со Хајдук.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни