Адеми изненади многумина со одлуката: Си заминува од Динамо Загреб и се сели во…

ademi

Во неколку наврати македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми изјавуваше дека сака да остане лојален на Динамо Загреб и покрај понудите што редовно стигнуваа на негова адреса, а беа од клубови од најдобрит пет лиги во светот.

Динамо одбиваше понуди од Лил, Бордо, Реал Бетис, за услугите на нивниот капитен, но последната која стигна на нивна адреса не можеше да се одбие.

Истата ја прифатил и Аријан Адеми кој сега е на пат кон Емиратите каде треба да потпише договор со тимот на Ал Наср. Според „24 сата“, Адеми веќе ги договорил личните услови со тимот од ОАЕ и наскоро треба да стане нивен играч, веднаш штом Ал Наср се договори со Динамо Загреб за трансфер обесштетувањето.

Јасно е дека Адеми ќе заработува вистинско богатство на Емиратите, но многумина останаа изненадени со овој потег на играчот од средниот ред на кого ситуе му предвидуваа трансфер во топ клуб од Европа.

Facebook Коментари