Поврзете се со нас

Светски првенства

Адеми издвои еден играч на Германија по историската победа и заклучи: Сега ќе ни биде полесно на ЕП

Објавено

на

Аријан Адеми одмораше против Лихтенштајн со цел да биде максимално подготвен против Германија, а неговото присуство на теренот се покажа и тоа како важно во историскиот подвиг кој го направи нашата најсилна селекција во Дуизбург.

Капитенот на Динамо Загреб имаше уште една перфектна партија на средината на теренот, па иако имаше и физички потешкотии по еден жесток дуел со Ридигер, големиот фудаблски борец уште еднаш стисна заби за селекцијата и ги одигра сите 90 минути во сензационалната победа од 1:2 против Германија.

– Голема победа за сите нас. Верувавме во тоа и заслужено победивме. Кога во нешто веруваш, тогаш можеш и да го оствариш. Имаме одлична генерација, свесни сме каков квалитет поседуваме и тоа е најважно за нас. За нас беше значајно да им покажеме на сите дека може да победуваме и против големи репрезентации. После ваква победа, мислам дека сега ќе ни биде полесно против Австрија, Украина и Холандија на Европското првенство.

– Вистина е дека добив неколку сериозни удари и имам расекотини на ногата, но мораше да се издржи до самиот крај. Ќе немам никакви последици од овој меч, за неколку дена ќе бидам подготвен, – изјави Адеми по враќањето во Скопје, а за крај нагласи дека најмногу останал импресиониран од вчерашниот капитен на Германците, Илкај Гундоган.

– Ако треба да издвојам еден од нивниот тим, тоа е Гундоган. Не поради фактот што постигна гол, се гледа дека играчки е над сите други во тимот на Германија, – потенцира македонскиот играч за врска кој беше асистент при вториот гол за победа на Елмас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни