Адеми избран во идеалниот тим на хрватското првенство

Ademi1 Rijeka

Хрватските професионални фудбалери и годинава ги избраа своите најдобри колеги, а македонскиот репрезентативец Аријан Адеми заслужено доби место во идеалниот тим на хрватското првенство за сезоната 2017/18.

Адеми ја носеше капитенската лента во сезоната во која Динамо освои нова шампионска титула, па фудбалерите го избраа меѓу единаесетте најдобри во шампионатот. Покрај Адеми, во идеалниот тим има уште пет фудбалери на Динамо, за најдобар играч е прогласен неговиот соиграч Ел Араби Хилал Судани, додека најдобар хрватски фудбалер е Лука Модриќ.

Фудбалерите и тренерите за најдобар тренер го избраа предводникот на Ријека, Матјаж Кек.

Facebook Коментари