Адеми искрен: Со гордост го носам дресот на македонската репрезентација

ademi

Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Арјан Адеми во интервју за „Јутарњи Лист“ говореше за неговата кариера, семејството, а се осврна и на настапите за репрезентацијата на Македонија.

Адеми можеше да бира за која репрезентација ќе игра, па откако ги носеше дресовите на младите селекции на Хрватска, на крај се реши на сениорско ниво да ја претставува нашата репрезентација.

Запрашан во интервјуто, освен репрезентативниот дрес, какви се неговите врски со Македонија, Адеми одговори:

-Големи и силни. Од семејните приказни, па до денес кога со гордост го носам дресот на репрезентацијата на моите предци. Кога ја избрав Македонија како репрезентација за која ќе настапувам, бев свесен што носи мојот избор и дека нема веќе назад. По одреден период можам да кажам дека не жалам поради својата одлука. Секогаш со радост и среќа одам на собирите на репрезентацијата во Скопје- коментираше Адеми.

Инаку, Адеми е роден во Шибеник, но неговите имаат потекло од Макеоднија. Дедото на Адеми пребегнал во Шибеник за време на Втората светска војна, а неговото семејство освен по него е познато што има многу успешна слаткара во градот на Дражен Петровиќ.

Facebook Коментари