Поврзете се со нас

Балкан

Адеми: Имам само една порака за навивачите на Динамо

Објавено

на

Динамо тргна добро со повратникот Ненад Бјелица и вториот мандат на познатиот стручњак беше отворен со победа од 5:1 над Локомотива, меч на кој погодок постигна и Аријан Адеми.

Поранешниот македонски репрезентативец го постигна третиот гол за Динамо и практично ја реши неизвесноста на мечот во Првата хрватска лига, а по истиот, големиот борец имал можност да испрати и порака до навивачите на „Максимир“.

Динамо доживеа дебакл во воведното коло во Лигата на шампиони и беше поразен со 9:2, па сега во среда на домашен терен го пречекува Монако.

– Бјелица е одличен тренер и знае што прави. Мораме да го следиме и да одговориме на инструкциите кои ни ги дава. Секако, не смееме да ги заборавиме и базите кои ги постави тренерот Јакировиќ. Тој освои две титули и не однесе во Лигата на шампиони.

– Лигата на шампионите е нешто посебно, тоа е друго ниво. Таму се плаќа секоја грешка, а ние ќе се обидеме да ги смалиме против Монако. Се надевам дека тренерот добро ќе не подготви. Јас нема да испраќам повик до навивачите, само ќе им порачам дека ќе се бориме и дека ќе гинеме за овој клуб како против Локомотива. Тоа нека го очекуваат од нас во иднина, се надевам на што подобри резултати, – изјавил Адеми.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни