Поврзете се со нас

Балкан

Адеми и Ристовски добија големо признание од колегите и тренерите во Хрватска (Фото)

Објавено

на

Динамо одново го одбрани тронот во хрватскиот фудбал и ја потврди доминацијата како најдобар тим во најсилната лига во оваа земја, успех од кој важен дел беа и двајца македонски репрезентативци.

Аријан Адеми како капитен и лидер во средниот ред одигра клучна улога во новата освоена титула, но тука е и Стефан Ристовски кој имаше стандардни партии како незаменлив во одбраната.

Двајцата сега добија признанија и од своите колеги и фудбалските стручњаци, кои го составија тимот на сезоната во Првата лига, 11-ка во која се најдоа и Аријан и Ристе.

Дури шест фудбалери на Динамо се најдоа во тимот на сезоната, бидејќи покрај Адеми и Ристовски, место имаше и за Доминик Ливаковиќ, Мислав Оршиќ, Петар Бочкај и Јосип Шутало.

После напорната сезона, двајцата ги пропуштија јунските натпревари во Лигата на нации, Аријан поради акумулиран замор, а Ристовски поради повреда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни