Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Aдеми и Динамо Загреб го добија трилерот со Клуж, Велкоски и Сараево елиминирани од ЛШ

Објавено

на

Хрватскиот првак Динамо Загреб излезе како победник од најинтересниот, најдраматичниот вечерашен меч од квалификациите за пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.

Аријан Адеми и компанија успеаа да го преживеаат Клуж и тоа по изведување на пенали со 6-5. Регуларниот дел заврши без победник 2-2 и тоа откако домаќините се изборија за тој резултат во последните мигови со голот на Дебељух.

Продолжението не донесе промени, па дојде ред за пенал рулетот во кој гостите подобро се снајдоа и на тој начин беа наградени за пожртвуваноста со оглед на тоа што од 51 минута играа со играч помалку. Нашиот Адеми беше активен од самиот почеток до крјаот, а воедно беше прецизен во пенал серијата.

Сараево на Крсте Велкоски загуби од Динамо Брест со 2-1 и со тоа се збогува од ЛШ. Велкоски не доби шанса од тренерот и остана на клупата за резервни фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни