Адеми со гол и асистенција го испрати Динамо во плејофот за ЛШ (Видео)

arijan

Динамо Загреб славеше со преубедливи 4:0 на гостувањето кај Ференцварош и обезбеди место во плејоф рундата за пласман во Лигата на шампионите.

Хрватскиот првак одигра само 1:1 на домашен терен, но го поправи впечатокот на реваншот предводен од македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми.

Адеми капитенски го отвори мечот постигнувајќи го толку важниот прв гостински гол за водство на Динамо, а во продолжение испорача и една асистенција, овозможувајќи му на Олмо да реализира. Адеми беше еден од најзаслужните за големата победа иако играше само до 69. минута, затоа што во тие моменти неговиот тим веќе имаше три гола предност.

Последна пречка за Динамо за пласман во групната фаза на ЛШ ќе биде норвешки Розенборг.

Facebook Коментари