Поврзете се со нас

Балкан

Адеми го прослави роденденот со гол во дресот на Динамо (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми денеска го прославува својот 29. роденден, а истиот го прослави на најдобар начин, постигнувајќи гол во победата на својот клуб Динамо.

Хрватскиот првак денеска има двојна програма на подготвителни натпревари, а во првиот, Динамо го победи Интер Запрешиќ со 4:1, при што Адеми беше тој го комплетираше пресвртот за 2:1, откако гостите први поведоа на средбата.

Адеми погоди со глава по нафрлување од корнер, а до крајот тој и неговите соиграчи стигнаа до сигурна победа.

Веднаш по оваа средба, тренерот Игор Јовичевиќ ги испробал и останатите фудбалери со дуел против вториот тим чиј тренер е нашиот Гоце Седлоски.

Тој дуел се играл со две полувремиња од по 30 минути, а завршил со триумф од 5:2 на поквалитетната екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни