Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Адеми го оствари тоа што го вети против Милан, но среќата му го заврте грбот на Динамо: Горд сум на момците

Објавено

на

Динамо уште еднаш покажа дека може да се носи и надигрува со најсилните екипи во Европа, па иако во добра фаза од вечерта беше патник во баражот во Лигата на шампионите, израмнувачкиот гол на Спортинг против Болоња ги урна сите надежи на „модрите“.

Ремито во Лисабон значеше дека за Динамо е залудна победата од 2:1 над италијанскиот великан Милан, па така хрватскиот првак заврши само едно место под оние кои носат бараж во Лигата на шампиони.

Всушност, Динамо испадна поради полоша гол разлика од Спортинг и Клуб Бриж, по што слободно може да се каже дека среќата му го заврте грбот на тимот за кој играат и Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Адеми како капитен на Динамо најави победа против Милан уште по поразот со Арсенал пред една недела, а откако го оствари тоа што го вети, играчот за врска меѓу првиот даде изјава за хрватската јавност.

– Штета што оваков меч не е награден онака какошто треба. Навистина ми е многу жал, цела недела имав добро чувство и убеден бев во победа. Верував и дека ќе пројдеме, но Бог не сакаше така.

– Одигравме одличен меч, ги притиснамве и одигравме на врвно ниво, на ниво на најдобрите екипи во Европа. Честитки до момците, горд сум на нив, ова треба да биде мотивација за во иднина. Видовме дека можеме да играме на највисоко ниво и сега не смееме да се спуштиме под тоа, – изјави Адеми.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни