Адеми ги реши сите дилеми и донесе одлука за својата иднина: Пресреќен сум, сакам да играме во ЛШ…

ademi

Македонскиот фудбалски ас, Аријан Адеми ги разреши сите дилеми околу својата иднина и денеска стави потпис на нов договор со најдобриот хрватски состав Динамо Загреб.

Иако имаше одлични понуди на својата маса, пред се од Франција од Лил, играчот од средината на теренот одлучи да остане во средината и клубот во кој најдобро се чувствува потпишувајќи нов петгодишен договор.

-Пресреќен сум што потпишав и овој договор покажува колкава е љубовта меѓу мене и клубот. Во ниту еден момент не размислував, воедно Динамо беше со мене кога ми беше најтешко. Сакам повторно да влеземе во ЛШ, сакам со сините и понатаму да освојувам титули. Цели? Има многу. Посакувам да презимиме во Европа, тоа се уште го немаме направено. Едноставно, Динамо многу ми помогна и сакам нешто и да му вратам. Го сакам овој клуб, -порача емотивниот Адеми кој да не заборавиме е капитен на составот од хрватската престолнина.

Facebook Коментари