Поврзете се со нас

Репрезентација

Адеми е голем оптимист за баражот за СП: Не знам да објаснам што се случи во нашата репрезентација

Објавено

на

Аријан Адеми одработи интервју за истиот хрватски медиум кој ја објави изјавата на Стефан Ристовски, па така со свое мислење за последниот успех на македонската репрезентација излезе и капитенот на Динамо Загреб.

Адеми поради повреда не можеше да им помогне на своите соиграчи на двата натпревари против Ерменија и Исланд, по кои нашата селекција обезбеди историски пласман во еден мундијалски бараж, кој интересно овојпат има и поразличен формат.

Ристовски: Политиката во Македонија нѐ убива, пред баражот за СП имаме само еден проблем!

За да стигне до Светското првенство, Македонија ќе мора да мине и да победи два тешки ривали, а повеќе од јасно е дека тоа ќе бидат репрезентации кои се означени како носители во мундијалскиот бараж. И покрај тоа, Адеми не стравува од било кој противник, сосема напротив, верува во својот квалитет и оној на своите соиграчи за кои страствено навивал на последните два меча.

– Навивав од дома, бев пресреќен кога заврши мечот со Исланд. Не само што бев среќен, туку бев и горд. Голема работа е да се пласирате на бараж за СП, тоа е голема работа за цела Македонија. Не знам да објаснам како дојде до ваков раст во репрезентацијата. Но, ако го погледнете тимот, ќе видите дека во ростерот има многу квалитетни играчи кои играат во најсилните клубови. И порано имаше добри играч, но сега имаше некој „клик“, се си дојде на свое место и по Европското првенство се промени цела атмосфера.

– На првиот натпревар во баражот нема да може да сметаме на Елмас и Костадинов, играчи кои многу ни значат. Ќе биде навистина тешко, но јас сум оптимист. После Европското првенство, можеме и во Катар. Не очекуваат два тешки натпревари, но треба да се пројдат. Не сме фаворити, ние сме во втората група на неносители, ќе мора на гостински терен во полуфиналето против посилен притивник. Ќе биде тешко, но не и невозможно. Се надевам дека ќе бидам здрав и дека ќе бидам подготвен за тие два натпревари во март. Се надевам дека Динамо ќе добие нови два претставника на Светското првенство во мене и Ристовски, – изјави Адеми за „Јутарњи лист“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни