Адеми со Динамо нов шампион во Хрватска

ademi-osijek

Фудбалерите на Динамо Загреб ја обезбедија титулата во Хрватската прва лига откако нивните најголеми конкуренти Хајдук и Риjека киксираа во 35. коло, со што до нов трофеј во кариерата стигна и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Хајдук на домашен терен одигра само 1:1 против Осиjек, додека Риjека претходно не успеа да победи против последнопласираниот тим на Цибалија (0:0).

Со тоа Динамо и математички ја обезбеди титулата затоа што има 70 бодoви и подобар меѓусебен скор со тимот на Ријека која е втора на табелата со 67 освоени поени.

Адеми е капитен на Динамо и беше стандарден во втората половина од сезоната.

Facebook Коментари