Адеми и Динамо направија голем чекор кон ЛШ, Звезда со поволен резултат се враќа од Берн (Видео)

dinamo-slavi1

Оваа вечер се одиграа три натпревари од бараж колото за пласман во Лигата на шампионите, а на два од нив видовме доминација на домашните тимови кои направија огромен чекор кон пласман во главната фаза на најелитното натпреварување.

Динамо Загреб уште еднаш докажа дека е одличен на домашен терен и уште во првото полувреме му даде два гола на Копенхаген, а потоа искусно го задржа оваа водство со кое ќе патува на реваншот во Норвешка кој се игра наредната недела. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми како капитен го одигра цел натпревар, а задолжени за головите беа Петковиќ од пенал и Орсиќ со прецизна реализација во 28-та минута.

На натпреварот во Берн беше убедливо најизедначено каде силите ги одмерија Јанг Бојс и Црвена Звезда, а остварениот резултат е гаранција дека ќе има големи возбудувања и на реваншот во Белград. Домаќините поведоа со голот на Асале, Звезда направи пресврт преку Дегенек и Гарсија, а конечните 2:2 ги постави Оро од белата точка.

На третиот меч кој се одигра во Грција, Олимпијакос беше немилосрден и го испрати Краснодар во Русија со четири гола во неговата мрежа (4:0).

Facebook Коментари