Поврзете се со нас

Балкан

Адеми даде краток коментар за трансферот на Перишиќ во Хајдук

Објавено

на

foto:twitter.com/gnkdinamo

Аријан Адеми денеска се појавил на официјалната прес-конференција која ја одработил Динамо како најава за вториот дел од сезоната, а искусниот играч за врска нагласил дека го искористил изминатиов период за да работи на своја физичка подготовка.

Македонскиот репрезентативец се врати во Динамо по кратката авантура во Кина, но признава дека не бил во најдобра форма на крајот од првиот дел од шампионатот кој ќе се памети како еден од најслабите за „модрите“ во последните години.

Динамо оваа сезона има сериозна конкуренција за титулата и Хајдук го искористи зимскиот период за да се засили со Калиниќ и Перишиќ, но пристигнувањето на крилото на Тотенхем е она што посебно се најде во центарот на вниманието.

Адеми денеска дал краток коментар за ангажманот на Перишиќ, но говорел и за очекувањата кои ги има од себе во пролетниот дел од сезоната.

– Трансферот на Перишиќ? Тоа е нивна работа и не би сакал да коментирам премногу на таа тема. Ќе бидам краток. Сите знаеме за каков играч станува збор и сигурно ќе биде големо засилување за нив.

– Првиот дел од сезоната не го завршив на ниво на коешто очекував од себе. Не би се вадел на условите во кои дојдов и на минутажата која ја добивав. Верувам дека ќе бидам подобар во продолжение од шампионатот, – изјавил Адеми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни