Поврзете се со нас

Лига Европа

Адеми асистент во големата победа на Димано, Милан со пресврт го преслуша Селтик (Видео)

Објавено

на

Динамо Загреб продолжи да бележи импресивни резутлати во групата К во Лигата на Европа, па така по пет одиграни кола не претрпе ниту еден пораз и сосема заслужено се пласираше во наредната рунда во второто по ранг европскот натпреварување.

Фудбалската гордост од хрватската престолнина вечерва оствари голема победа на тешкото гостување во Ротердам, славејќи триумф над фудбалскиот великан од Холандија, Феенорд.

Динамо Загреб успеа да освои големи три бода и во ситуација кога на домаќинот повеќе му значеше овој меч, а македонскиот репрезентативец Аријан Адеми покрај тоа што ги одигра сите 90 минути, беше и асистент при вториот гол за 0:2 кој го постигна Мајер.

Претходно, водство за гостите донесе Петковиќ во петтата минута од продолжението од првиот дел, реализирајќи на најстрогата казна која ја досуди судијата.

Од другите натпревари, за издвојување е победата на Милан кој започна катастрофално против Селтик, но успеа навреме да се прибере и да обезбеди пласман во нокаут рундата. Селтик поведе набрзина со 0:2 со головите на Роглич и Едуард, но Милан до крајот на првиот дел возврати преку Чалханоглу и Кастилјехо, а до крајот постигна уште два гола за 4:2 преку Хауге и Диаз.

Тотенхем пак, успеа да направи пресврт и двапати водеше против ЛАСК, но на крајот прими гол во судиското продолжение за возбудливи 3:3 во Австрија. Герет Бејл, Сон и Деле Али беа стрелци за гостите, додека за домашниот тим стрелаа Питер, Егештајн и Карамоко во 93-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни