Поврзете се со нас

Македонија

Адем повторно ќе го носи дресот на Шкупи, Беса го договори искусниот Гавриќ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcshkupi1927

Македонските фудбалски прволигаши Шкупи и Беса официјализираа уште по едно засилување во зимски преоден рок.

Клубот од Чаир е посилен за некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Али Адем. Ова е негов нов „мандат“ во редовите на Шкупи, а во својата досегашна кариера освен во нашата земја има настапувано во Албанија и Грција.

Беса пак ги обезбеди услугите на 29-годишниот Никола Гавриќ. Се работи за дефанзивец кои веќе има искуство со настапите на нашата сцена затоа што во минатото беше дел од велешки Борец.

Тој во Добридол пристигна од Романија, претходно играше и во Хрватска, Србија, Малта и Италија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни