Поврзете се со нас

Англија

Адебајор со порака до навивачите на Арсенал: Заборавете на таа прослава…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.independent.ie/sport

Емануел Адебајор добар дел од својата кариера мина играјќи во Англија, а меѓу клубовите за кои настапуваше беа Арсенал и Манчестер Сити.

Тој своевремено се реши да премине од таборот на „топчиите“ на „Итихад“ и тоа на почетокот на проектот на Сити, кога почнаа да доаѓаат играчи и да се гради моќна екипа.

При една пресметка меѓу овие два клуба во 2009 година, Адебајор даде гол и потоа имаше специфична прослава во која го претрча целиот терен за да ги „поздрави“ гостинските навивачи на спротивната страна. Тие нормално збеснаа, а африканецот потоа беше казнет парично и му беше доделена суспензија за тој потег.

После толку време напаѓачот имаше можност да се потсети на таа ситуација и им порача на навивачите на Арсенал едноставно да заборават на тоа што се случи пред повеќе од една деценија.

-Мислам дека навивачите можат да заборават што се случи во 2009 година кога трчав на теренот. Денеска ќе ви објаснам, мислам дека ниту едно човечко суштество не би прифатило да луѓето пеат и го навредуваат вашето семејство, особено мајката и таткото. Би направил се за мајка ми и татко ми.

-Сега е зад мене, се надевам дека е зад нив. Сите го сакаме фудбалот. И одвреме-навреме кога ќе ја видат таа прослава на телевизија и на социјалните мрежи, се надеваме дека сега ќе можат да се насмеат и да продолжат понатаму. Тоа е она што им го посакувам на навивачите на Арсенал и им посакувам многу среќа оваа година, -истакна некогашниот репрезентативец на Того за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни