Поврзете се со нас

НБА

Адебајо: Не сме тим кој само може да додаде гас…

Објавено

на

blank

Бем Адебајо одигра уште еден фантастичен меч за Мајами Хит, но овојпат тоа не беше доволно за ново славје против Бостон Селтикс во финалната серија на Истокот.

„Жешките“ за разлика од претходните два меча на кои се вратија од двоцифрена негатија и победија, рано утрово беа надиграни во „меурот“ во Орландо со 117-106 и сега резултатот е 2-1.

-Ние мора да ги започнеме натпреварите на начинот на кој ги почнуваме последните четвртини. Ние не сме таков тим што може да ја заврши работата само во првото полувреме, а потоа да додадеме гас во продолжението. Ние не сме тој тим.

-Треба да обрнеме внимание на деталите, мислам дека треба да поработиме малку на нападот. Мислам дека имаше голема разлика во овој натпревар, тие играа, не натскокаа и беа подготвени на сè. Не смееме повеќе да си дозволиме толку да заостануваме, -порача Адебајо.

Сличен став имаше и големиот борец и лидер на Мајами, Џими Батлер.

-Не игравме доволно цврсто и не го направивме тоа што сакавме. Тие нè нападнаа, а ние не си помагавме едни на други, немаше дополнителни пасови. Треба да се вратиме на кошарката што ја игравме кога победувавме, го знаеме тоа и мора тоа да го поправиме, нема што тука тренерот да ни каже, -рече Батлер.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни